Награда од 20.000 евра за информација која ќе помогне во расветлување на смртта на Навални
Шефот на руската антикорупциска фондација и близок соработник на Алексеј Навални понуди 20.000 евра награда за „сеопфатна информација“ за смртта на покојниот лидер на опозицијата.
– Важна ни е секоја информација што е некако поврзана со целата оваа приказна, која било информација што може да ни даде барем некои траги за да можеме да ги идентификуваме сите извршители на злосторствата на Путин и да ги одвоиме овие дегенерици од нормалните офицери кои не вршат никакви злосторства“, вели Иван Жданов во видео-обраќање.
Навални, најпознатиот руски опозициски политичар, неочекувано почина на 16 февруари во казнена колонија на Арктикот, а стотици Руси ширум земјата дојдоа до импровизираните споменици со цвеќиња и свеќи даму оддадат почит.
Руските власти приведоа голем број луѓе додека се обидуваат да го потиснат секој поголем излив на сочувство за најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин пред претседателските избори, на кои речиси сигурно е дека тој ќе добие уште еден мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Награда од три милиони денари за младите…
Владата на денешната седница донесе одлука на…
Апел за помош: Алексеј има само три…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Тони Михајловски ја добити актерската наградата за…
Актерот Тони Михајловски е добитник на актерската…
Награда од 20.000 евра за информација која…
Шефот на руската антикорупциска фондација и близок…
Навални се пренесува во друг затвор
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен…