Надал се враќа на терените
Рафаел Надал доби многу критики за играњето на профитабилниот, но безначаен егзибициски турнир во Лас Вегас, а потоа се повлече од Индијан Велс.
Сепак, како што открива Дејвид Мејси, директор на „Мастерсот“ во Монте Карло, тоа не било планирано. Со други зборови, Шпанецот не пристигнал во Америка да земе пари од „градот на гревот“ и потоа да се откаже, туку имал голема желба да учествува на првиот „Мастерс“ во сезоната.
– Во претпоследниот момент од мечот против Алкараз, кога сервираше, Рафа почувствува проблем во грбот – вели Мејси, кој беше во Лас Вегас и додаде: „За среќа, подоцна на прегледите беше утврдено дека проблемот не е страшен“.
Мејси тврди дека „кралот на земја“ веднаш продолжил со тренинзите штом добил зелено светло од докторот.
– Во неделата бев во куќата на Лери Елисон, сопственикот на турнирот во Индијан Велс, за да разговарам со Надал за играњето во Монте Карло и слушнав познати звуци. Рафа веќе тренираше, истакна Мејси.
Излегува дека Надал можеби претерал со повлекувањето од Индијан Велс, но со оглед на тоа колку проблеми со повреди имаше во последните години, неговата загриженост е разбирлива.
На крајот на краиштата, тој немаше соодветни подготовки откако се повлече од Австралија опен во средината на јануари. Како што и самиот истакна, оттогаш не одиграл ниту еден сет до дуелот со Алкараз во Лас Вегас.
Тоа што Шпанецот веднаш почна да тренира е најдобар показател дека тој нема сериозен проблем и дека тенискиот свет може да го очекува на турнири на земја во наредните недели.
Засега Надал е пријавен само за Мастерсот во Монте Карло, но треба да го очекуваме во Барселона, Мадрид, Рим и Ролан Гаро
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…
„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…
Калин Ивановски повторно со најдобар ранг на…
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го…
Ѓоковиќ бетониран на чело на АТП листата,…
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од…
Алкараз ќе се фокусира само на Гренд…
Со цел да не се повреди како…
4 годишна забрана поради допинг, Симона Халеп…
Двократната гренд слем шампионка Симона Халеп доби…