Надлежните повикуваат да не се крева паника: Пожарот на Галичица ќе се „пречека“ над Љубаништа

t

На тешко пристапниот терен на сртот на планината Галичица, дополнително опасен и поради неексплодирани гранати од Првата и Втората светска војна, веќе десеттина дена надлежните се обидуваат да го стават под контрола пожарот што оди во две линии – на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен и кај месноста Војтино на охридската страна од планината.

Надлежните служби се постојано на терен. Она што е познато за денешните активности за гаснење на пожарот е дека ќе има поддршка и од воздухоплови. Планирано е над шумскиот пат над Љубаништа да се прави пречекување на оган за да не слегува надолу, информираат од РЦУК Охрид. Оттаму додаваат дека стратегијата што се применува кај ова жариште е иста како и кај другите девет активни пожари низ Македонија – да се заштитат објектите, имотот на гражаните, па потоа се останато.

Во врска со повиците за вклучување на доброволци од РЦУК повторуваат дека тоа треба да се одвива преку ТППЕ Охрид и Штабот за заштита и спасување, согласно потребите на надлежните институции.

Иако ситуацијата е сложена поради експлозивните средства на планината, се апелира да не се создава паника кај населението и да не се шират непроверени информации.

Исто така, Црвениот крст има подготвено храна и вода во случај надлежните да повикаат доброволци, а подготвено е и возило за итна помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…