Над милион патници се возеле со солунското метро во првиот месец
Новата подземна железница во Солун, која се отвори во ноември по 30-ина години изградба, услужила над милион патници во првиот месец од функционирањето, јавија грчките медиуми.
Според надлежните, отворањето на метрото резултирало со 15.000 помалку возила во центарот на вториот по големина грчки град.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека метрото во Солун во првиот месец најмногу го користеле млади луѓе, а најмногу сообраќај имало во попладневните часови. Забележано е нормализирање на сообраќајот на главните булевари во градот и на солунската обиколница, велат надлежните.
Изградбата на системот на подземната железница, според проценките, чинела околу 3,2 милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуштена и последната пациентка од болницата во…
Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера…
На пристаништето во Солун запленет 81 килограм…
Во контејнери со свежи банани што од…
Жената што загина од бомба во рацете…
Истрагите на Дирекцијата за организиран криминал во…
Жена загина во експлозија на бомба во…
Триесет и осумгодишна жена е убиена во…
ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…
Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…