Над 1.000 студенти останаа без субвенциониран оброк поради недоволна координација меѓу факултетите и МОН
Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк за ноември поради административни пропусти и недоволна координација меѓу факултетите и Министерството за образование и наука (МОН), покажуваат информациите од платформата за заштита на студентите „Студентарија“ и од самото Министерство.
Според нив, дел од факултетите не ги доставиле навреме списоците на запишани студенти до МОН, поради што на многумина им било привремено укинато правото на оброк.
„Секој месец кога студентите аплицираат за оброк, Министерството врши ажурирање на податоците. Ако некој студент се отпише или изгуби статус, му се укинува правото,“ објасни за медиумите Гоше Николов од „Студентарија“.
Тој додава дека проблемот со задоцнети или недоставени списоци се повторува секоја академска година.
„Некои факултети, меѓу кои ФЕИТ, Универзитетот ‘Мајка Тереза’ и Педагошкиот факултет, не ги испратиле навреме листите на студенти на почетокот на академската година. Како резултат, Министерството им го укинало правото на оброк на студентите запишани таму. Истото се случува речиси секоја година бидејќи нема доволна координација меѓу факултетите и Министерството,“ додаде Николов.
Од Министерството за образование и наука за медиумите потврдија дека исплатата на субвенционираниот студентски оброк се врши согласно со доставените списоци од високообразовните установи и дека не може да се изврши без потврдени и ажурирани податоци.
Иако оваа административна „грешка“ можеби изгледа техничка, последиците се реални – стотици студенти веќе два месеца остануваат без оброк кој им следува по закон. Случајот повторно ја отвора прашањето за одговорноста и координацијата меѓу институциите, кои наместо да го олеснат студентскиот живот, често го прават потежок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 1.000 студенти останаа без субвенциониран оброк…
Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран…
Студентите во Србија најавуваат нови протести
Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1…
Јаневска: Ако нема учебници, обраќајте се на…
Директорите на училиштата треба многу сериозно да…
Јаневска: МОН ќе им обезбеди ПДФ-формат на…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Од МОН тврдат дека нови учебници има…
Министерството за образование и наука во реакција…