Над 126.000 луѓе учествуваа на 111 собири во Србија против блокадите

t

Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, денеска имало вкупно 126.399 луѓе.

Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето.

„На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле запрени од група луѓе… Таму можело да се случат инциденти, јас лично разговарав (со организаторот на собирот) и ги замолив да ја променат рутата. Разговарав и со претседателот Александар Вучиќ. Морам да напоменам дека на регистрираниот собир биле над 4.200 луѓе, додека на ненајавениот собир имало околу 400, значи десетпати помалку. Организаторите го прифатија мојот предлог за промена на рутата, поради што им се заблагодарувам за разбирањето“, рече директорот на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 126.000 луѓе учествуваа на 111 собири…

Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави…

Тoшковски: Немам дополнителни информации за прислушувањето од…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…

Црн пантер повторно сее страв низ Бугарија-…

Средбата поминала без повреди, но експертите и…

(Видео) Хаос во Куманово, како да живееш…

Што Убаво ...... Од Инбокс: Овој су…

Уште е во Охрид: Претседателката Сиљановска Давкова…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид…