Над 300 пријави во Франција од журки: Убодени биле со игли
Над 300 луѓе низ Франција пријавиле дека биле избодени со игла додека излегувале во ноќен клуб или на концерт. Се започна пред неколку месеци, а надлежните не знаат кој и зошто го прави тоа и дали иглите во нив имале дрога или други супстанци. Слична ситуација се случува во Белгија, Холандија и Велика Британија. На почетокот на мај, 18-годишниот Томас Локс беше на концерт во северна Франција. Кога се вратил дома, почувствувал вртоглавица и главоболка, а забележал чуден убод на раката и модринка, пренесува NPR. Ден потоа, тој сè уште имал симптоми, а лекарот му препорачал да оди во итната медицинска помош. Потврдено е дека бил избоден со игла и бил тестиран за ХИВ и хепатитис. Неговите резултати беа негативни. „Престанав да одам на концерти откако се случи тоа“, рече Лакс. Леан Деснос (18) е уште една жртва. Во април таа отиде во клуб во Бордо. Таа се онесвестила следниот ден. Кога стигнала дома, забележала убод на раката. Таа отиде на тестирање и ги чека резултатите. Луѓето од Париз, Тулуз, Нант, Нанси, Рен и други градови низ Франција пријавиле дека биле избодени со игла без нивно знаење или дозвола. Целите, главно жени, покажуваат видливи знаци на убоди, модринки и симптоми како што се замор. Француската национална полиција соопшти дека 302 лица поднеле официјални пријави за такви убоди од игла. Во тек се неколку полициски истраги во различни региони, но се уште нема уапсени осомничени. Мотивот, за жал, остануа нејасен. Ниту една жртва не пријавила сексуален напад. Две лица биле позитивни на GHB. Додека посетителите на клубот изразуваат страв на социјалните мрежи и медиумското покривање ја зголемуваат вознемиреноста, француското Министерство за внатрешни работи започна национална кампања за подигање на свеста за настаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
Пратеници од Левица остварија средба со францускиот…
ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ…
Франција забранува пушење на сите јавни места…
Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…
Франција со порака до премиерот: Мицкоски зема…
*Анализа на француското специјализирано списание „Le Courrier…