Над 800 случаи на грип во земјава за една недела
Во текот на 4-та недела од 2023 година (23-29.01.2023), во Република Македонија се пријавени 874 случаи на заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 23,0% помалку во споредба со претходната недела, информираат до Институтот за јавно здравје.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 4-та недела од минатата сезона е зголемен 3,5 пати.
Во текот на 4-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 226 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19.
Пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, четврта недела со ред, односно надминат е прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип.
Во однос на возрасната дистрибуција, 525 лица се на возраст од 15-64 години, 131 кај лица на возраст над 65 години, 110 се регистрирани кај деца на возраст од 5-14 години и 108 кај деца на возраст од 0-4 години.
Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0- 4 години. Заболените се најмногу од Струмица – 197, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 10.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Награда од три милиони денари за младите…
Владата на денешната седница донесе одлука на…
Камала Харис го избра кандидатот за потпретседател
Дури четворица блиски до Харис тврдат дека…
Камала Харис избра кандидат за потпретседател
Потпретседателката на Соединетите Американски Држави и најверојатниот…
Голема трагедија: 18-годишно момче од с.Истибања загина,…
Денеска (06.08.2024) во 02.37 часот во Полициската…
Хезболах го нападна северниот дел на Израел…
Петмина членови на Хезболах се убиени денеска…