Назначени тројца нови директори, на РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата.
„За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола. АД ЕСМ се заблагодарува за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период“ соопштија од АД ЕСМ.
Оттаму нагласуваат дека „за директор на РЕК `Осломеј`, е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот. На директорска позиција во Осломеј е именуван и Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи“.
Од компанијата информираат дека „в.д. директор на подружницата ТЕЦ Неготино ќе биде Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната“.
„Бобан Максимовски, со завршени академски студии од областа на менаџмент ќе биде управител на друштвото за производство на топлинска енергија ЕСМ производство на топлина“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Назначени тројца нови директори, на РЕК Битола,…
Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал…
Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде…
Европската комисија дополнително ќе додели околу 160…
„Атлантик Штарк“ од македонскиот пазар повлекува бисквити…
Од македонскиот пазар се повлекуват производите на…
Утре ќе се задржи променливо облачно време…
Утре ќе се задржи променливо облачно време…
ЕУ: Помалку пари за Унгарија на Орбан
Во Европскиот парламент во Стразбур, многу пратеници…