НАЛЕПНИЦА „НМК“ НАМЕСТО НОВИ ТАБЛИЧКИ: Граѓаните се спасија од трошоци
Наместо нови регистарски таблички, граѓаните во иднина ќе ставаат налепница со новиот код на државата „НМК“ – реши денеска Владата, откако ја разгледа информацијата доставена од Министерството за внатрешни работи.
Со ставањето налепница на регистарските таблици, според информацијата од МВР, во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Македонија на регистарските таблици на возилата, а од друга страна финансиските издатоци за ова решение се речиси неспоредливи со износот потребен за замена на регистарските таблици со нови регистарски таблици.
„Во оваа насока е предвидено ставање налепници со НМК ознака, на возила коишто имаат таблици со МК ознака, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци, за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, кои се поврзани со бројот на регистарската таблица. Поставувањето налепници со ознака НМК на регистарските таблици, според образложението од МВР, ќе биде олеснување и за транспортерите кои патуваат во ЕУ. На овој начин тие имаат можност, на траспортните возила да ги задржат постоечките таблици, со што ќе бидат заштитени од потребата за промени во целокупната документација во државите членки на ЕУ, што ќе се појави како потреба, доколку постоечките регистарски таблици, ги сменат со нови таблици во нашата држава.
МВР е задолжено да изготви правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање“, соопшти Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…