Намален буџетот за пациентите со ретки болести
Намалувањето на парите во буџетот за пациентите со ретки болести е одговорност на министерството за здравство. Секоја институција сама одлучува како ќе го распредели лимитот. Вака министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска одговори на прашањето зошто годинава за прв пат е намален буџетот за пациентите со ретки болести.
Секоја институција си добива лимит, како ќе го распредели лимитот внатре си одлучуваат сами, ние имавме однесено буџет како предлог од Министерство за финансии до Влада поедини министри си побараа и си кажаа не на оваа ставка, вратете си, ставете ми онаму. Кој што побарал во рамки на лимитот. Така му е реализирано. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено ретки болести. Приоритетите на министрите ги одлучуваат сами. Ние како министерство за финансии делиме лимити. Секој сам во рамки на своите лимити ќе одлучува што е негов приоритет
Весна Алексовска, претседателка на Здружението на граѓани за ретки болести “Живот со предизвици“ вели дека ова е прв пат буџетот да биде намален. Апелираше до надлежните да се поправи грешката се со цел пациентите да имаат сигурна иднина со непрекината терапија.
Весна Алексовска, Претседателка на Здружението „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“
– Ние сме шокирани затоа што секоја година од 2015 па наваму буџетот за ретки боелсти се зголемува, ова е прв пат да биде намален, со оглед на тоа дека бројот на пациентите се зголемува. Апелираме да се поправи грешката и да не се чекаат ребаланси затоа што никогаш не знаеме ни кога ќе има ребаланс ни каков ќе биде тој ребаланс.
За одлуката да го намалат буџетот за пациентите со ретки болести Телевизија 24 испрати прашање и до Министерството за здравство. Оттаму велат дека независно од измените, ќе има доволно средства за сите пациенти.
Министерство за здравство
– Националната стратегија за ретки болести за периодот 2026–2030 година е подготвена и се наоѓа во административна процедура, а во тек е и изработка на Акцискиот план за периодот 2026–2028 година, со цел системско планирање на активностите и креирање одржливи политики за пациентите со ретки болести. Финансирањето на здравствените услуги за пациентите со ретки болести не се обезбедува исклучиво преку основната програмска ставка, туку се надополнува и со средства од посебни законски извори.
Според послените информации во Македонија има над 1000 лица со ретки боелсти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намален буџетот за пациентите со ретки болести
Намалувањето на парите во буџетот за пациентите…
Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници…
На 14/15.12.2025 во Скопје, на различни локации,…
Групна тепачка во скопско Арнакија, тројца од…
Вчера околу 14:15 часот во СВР Скопје…
Утре не одете во „Матично“: Шалтерите затворени,…
Граѓаните кои за утре (вторник, 16 декември)…
Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и…
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот…