Наместо во затвор како што ветуваше ВМРО, позлатени: Марковски компани втора година по ред најголем добитник на тендери, си го надмина сопствениот рекорд

t

Борче Марковски, бизнисменот од Битола кој никогаш не бил виден во јавност, со својата градежна компанија „Марковски Компани“ втора година по ред има најголема вкупна вредност на склучени тендери во државата.

Според објавениот извештај на Бирото за јавни набавки за 2024, лани Марковски има склучено договори во вкупна вредност од 4,495 милијарди денари, претежно со АД ЕСМ за ископ на јаглен и јаловина,како и за помошна механизација.

Ова е годишен рекорд за Марковски со безмалку 75 милиони евра. Со договори во вкупна вредност од 53 милиони евра, исклучиво склучени со АД ЕСМ, битолската градежна компанија беше најголем тендерџија од сите други и за претходната 2023 година. „Марковски компани – Борче“ тогаш за прв пат се најде на првото место на табелата на БЈБ по вкупна вредност на склучени јавни набавки од сите други економски оператори.

„Марковски компани“ е на врвот и покрај тоа што новото раководство на ЕСМ лани раскина еден договор од 46 милиони евра, а БЈБ ја суспендира компанијата од учество на тендерите. Беше активирана банкарската гаранција во износ од 120 милиони денари поради тоа што, како што беше кажано, добитникот на тендерот не успеал да ги испорача договорените количини на јаглен во континуитет, поради што операторот директно ја загрозил енергетската стабилност на државата. Беше споменато и нарушување на геомеханичката стабилност на рудникот Брод Гнеотино.

Договорот беше со важност од 18 месеци, односно до август 2025 година. „Марковски компани“ имаше и подизведувачи, меѓу нив и две фирми од Струмица, кои политиката и медиумите низ годините често ги поврзуваа со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кога беше опозиција, ги критикуваше договорите на тогашната владина гарнитура со Марковски, но скоро потоа склучи договор со компанијата со образложение дека дале пониска цена.

Марковски на табелата на БЈБ има дури две милијарди денари повеќе од компанијата за лекови – второпласираната Алкалоид Конс, односно околу 32 милиони евра разлика со следниот на листата.
Овој градежен оператор со околу 300-тини пријавени работници две години по ред е на врвот по остварени добивки помеѓу најуспешните македонски фирми.Во 2023 имаше добивка од 13 милиони евра, а за 2024 билансот покажува 11,5 милиони евра.

 

Извор: Фактор

Kратко потсетување на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ за Марковски компани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за убиство во Виница – му…

Лишено од слобода лице за обид за…

Наместо во затвор како што ветуваше ВМРО,…

Борче Марковски, бизнисменот од Битола кој никогаш…

Случај Епстин: Судија го отфрли барањето за…

Американски федерален судија во понеделникот го отфрли…

Случај „Пулс“ – постапката сè уште не…

Обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека…

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата,…

Директорот на Државни патишта Коце Трајановски изјави…