Наместо горди лавови, мачиња со свиткана опашка: За ВМРО-ДПМНЕ не е соодветно да ја коментира изјавата на Агелер оти нема одново преговори за Преспа, ниту за Бугарија

t

Не е соодветно од наша страна да коментираме изјави на нашиот стратешки партнер, со кој Македонија гради соработка изминатите три децении. Она што е клучно, е испратената порака дека се потребни важни разговори од кои сите инволвирани страни ќе имаат корист.

Ова денеска на прес-конференција го изјави Марија Митева, портпаролката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашање за денешното интервју на американската амбасадорка Ангела Агелер, во кое вели дека нема одново преговори за Преспа, ниту со Бугарија за на предокот кон Европската Унија, односно дека договорите веќе се направени, посочувајќи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток, првите пет дена од мандатот на дело, како што рече, покажа што ќе биде нашиот фокус, а тоа е растот на економијата, нови инвестиции, што, според неа, ќе придонесе кон подобар животен стандард стандард на граѓаните.

„Фокусот на оваа влада е реформски. Потребни се брзи реформи со цел враѓање на реномето и угледот на нашата држава Македонија, затоа што се досега од страна на СДС и ДУИ беше погазено и уништетlмо“,рече Митева.

Нема одново преговори за Преспа, ниту со Бугарија за напредокот кон ЕУ – договорите се направени, вели Агелер

Американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) на прашањето дали САД поттикнуваат нов дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија, по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен за преговори, како и по реакциите од страна на Грција за непочитување на Преспанскиот договор, одговори дека нема одново преговарање ниту за Преспа, ниту со Бугарија, оти договорите се веќе направени и нема одново преговарање за напредок кон ЕУ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фијаско за Макрон

По победи екстремно десничарската партија Национален собир…

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во…

(Видео) Браво: „Мојата Македонија’’ ја отпеја малиот…

,,Тие се многу гостољубиви и срдечни, многу…

МВР со АПЕЛ до граѓаните: Има лажни…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

Полиција уапси маж со марихуана во Горно…

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција…