Наместо да го раскинат ДПМНЕ ќе потпишува нов договор со Бугарија

t

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, во интервју за Радио Слободна Европа предложи нови креативни дипломатски решенија за деблокирање на евроинтегративниот процес. Таа повторно ја истакна својата идеја разговорите со Бугарија да се водат во Виена, под покровителство на европски партнери, а Европската унија да покаже активна улога во решавањето на отворените прашања.

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервјуто за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, разговорите за решавањето на овој спор, би сакала да се случат во Виена.

„Нам ни е јасно дека преговарачката рамка е усвоена и дека е тешко да се менува, но ЕУ треба креативно да вложи енергија за да ни овозможи напредување“, изјави Силјановска Давкова. Таа предложи Европскиот парламент да донесе акт за состојбите меѓу Скопје и Софија, додека Советот на ЕУ може да издаде политички инструкции или да се изготви нов акциски план во кој ќе се вклучи и историската комисија.

Претседателката потенцира дека ниту во Договорот за добрососедство со Бугарија, ниту во некој друг официјален документ, не постои обврска за уставни измени. „Уставните измени никнаа од првиот и вториот протокол“, рече таа, додавајќи дека евентуален трет протокол би можел да биде дел од решението, но со јасна гаранција дека нема да може да биде основа за ново вето.

Како позитивен пример го наведе германско-француското и германско-полското помирување, каде што несогласувањата биле надминувани преку дијалог и меѓусебна интерпретација на чувствителните прашања.

Силјановска Давкова ја повтори заложбата за креативна дипломатија која ќе ја отвори вратата за напредок во евроинтеграциите, но без нови еднострани отстапки од македонска страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…