Објавено на:

НАПАДНАТ Е ДОЊЕЦК! Руски медиуми тврдат дека има повредени и загинати

t

Повеќе луѓе загинаа во напад во градот Доњецк во источна Украина, контролиран од Русија, иако точниот број не е јасен, пренесе ДПА.

Некои руски медиуми јавуваат дека загинале четири лица, додека други наведуваат дека има девет.

Цел на нападот била колона возила и, според руските извештаи, бил изведен со американски ракети Химарс. На интернет се објавени видеа на кои се гледаат оштетени возила и неколку тела.

Информациите не можат да се проверат независно.

Непосредно пред тоа, шефот на регионот назначен од Москва, Денис Пушилин, му пријавил на рускиот претседател Владимир Путин дека украинскиот ракетен оган е намален за половина поради употребата на противвоздушна технологија.

По руската инвазија врз Украина пред повеќе од 13 месеци, Москва формално го анектираше регионот Доњецк, но моментално контролира само малку повеќе од половина од областа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…