Напад со дронови врз Москва – небото над градот затворено, летови откажани
Москва вечерва беше цел на масовен напад со дронови, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин. Според првичните информации, руските противвоздушни сили успеале да соборат вкупно 11 беспилотни летала – прво девет, а потоа уште две. Жителите на московската област пријавиле силни експлозии на приодите кон градот, но засега нема информации за повредени лица или за значителна материјална штета, јавуваат руските медиуми.
Нападот предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. На московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково повеќе од 35 летови беа одложени или откажани.
„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беше одложен, а еден откажан на Шереметјево. Во Домодедово имаше девет одложени и два откажани лета, додека на Внуково беа одложени четири лета“, пренесуваат медиумите. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат патнички авиони како летаат на исклучително мала висина над станбени згради во Москва.
Руските власти најавија дека по нападот ќе следи истрага од страна на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Истражниот комитет. Според најавите, ќе биде покрената кривична постапка за тероризам. Во моментов, оперативни служби го пребаруваат теренот, ги собираат остатоците од соборените дронови и проверуваат дали има дополнителни оштетувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад со дронови врз Москва – небото…
Москва вечерва беше цел на масовен напад…
Кондарко: Нема значително зголемување на независни кандидатури…
Времето покажа дека нема значително зголемување на…
Сикорски до Москва: Предупредени сте, да не…
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…
Филипче:Потребни се промени, локалните избори се шанса…
Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се…
Франција ја призна палестинската држава
Франција вечерва и формално ја призна палестинската…