НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ПОБЕГНАТ ВО УКРАИНА? Имале контакти со украинската страна, тврди Москва
Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна.
Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.
Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица кои учествувале во нападот, соопшти Истражниот комитет.
Во меѓувреме Таџикистан соопшти дека е во контакт со Москва во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“.
Портпарол на таџикистанското Министерство за надворешни работи рече дека таџикистанските власти се во близок контакт со нивните руски колеги за да се испита можната вмешаност на таџикистански државјани во синоќешниот терористички напад.
Пратеникот на руската Државна дума, Александар Хинштајн претходно изјави дека при претресот на автомобилите на осомничените за терористичкиот напад, кои беа уапсени во областа Брјанск, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан.
Исто така Интерпол соопшти дека е подготвен да помогне во истрагата на Русија за терористичкиот напад во Москва.
„Најостро го осудувам нападот во концертната сала „Крокус“, кој беше ужасен чин против невините цивили. Интерпол е подготвен да даде поддршка во истрагата на руските власти“, напиша генералниот секретар на таа меѓународна организација, Јирген Шток на социјалната мрежа „Икс“.
Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ загинаа 93 лица, меѓу кои три деца, а повеќе 145 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…