Наполи за Елмас одбил 30 милиони евра и од премиерлигашки клуб!
Италијанскиот првак Наполи нема намера да го продава македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, па освен понудата што експресно ја одбиле од германски Лајпциг вредна 30 милиони евра плус пет милиони евра, наполитанците одбиле уште една и тоа од – англиската Премиерлига.
Уште по завршување на минатата сезона кога Наполи по 33 години првпат го освои „скудетото“, а Елмас имаше огромен придонес со шест гола и три асистенции, неговиот менаџер најави дека многу клубови од Шпанија, Англија и Германија се ептен заинтересирани за да го земат фудбалерот за врска.
И летово прво беше објавена понудата на Лајпциг, а сега според еден од најпознатите новинари-експерти за трансфер-пазарот, Николо Шира, на адреса на Наполи дошла и втора богата понуда за Елмас од околу 30 милиони евра и од англиски премиерлигаш.
Зимоска Ливерпул се поврзуваше со Елмас, но сега нема информации кој клуб од Островот се обидел да го ангажира македонскиот репрезентативец. Наполи, според Шира, Елмас го ставил на листа на недопирливи и фудбалер кој не е за трансфер.
Елмас со Наполи има договор до 30 јуни 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…