Објавено на:

Наполи одбил 30 милиони евра од Лајпциг за Елмас!

t

Италијанскиот шампион Наполи одбил 30 милиони евра за македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, откако богатата понудата дошла на адреса на наполитанците, откри „Кориере дело Спорт“.

Елмас, кој имаше голем придонес во првото „скудето“ на Наполи по 33 години пауза има договор со наполитанците до јуни 2025 година, а неговиот менаџер уште по завршување на историската сезона, најави дека постои огромен интерес од германски, шпански и англиски клубови за да го ангажираат.

Последно е дека Лајпциг ептен е загреан за Елмас, но понудата од 30 милиони евра, Наполи веднаш ја одбил, но италијанскиот првак влегува во проблем со Елмас, зашто македонскиот репрезентативец според последните информации не е заинтересиран за да ја продолжи соработката по 2025 година, иако неодамна се најавуваше дека Аурелио Де Лаурентис брзо ќе изреагира за да го задржи фудбалерот за врска и понатаму во Неапол.

„Мора да се евалуира иднината на Елмас, кој има договор до 2025 година, но во моментов не планира да го продолжи истиот, а Наполи веќе доби понуда за него од 30 милиони евра од Лајпциг, на која веднаш одговори со – не!“, пишува „Кориере дело Спорт“.

За Елмас од Германија имаше најава дека и Борусија Дортмунд ќе испрати понуда од скоро истата сума како и Лајпциг, зашто „милионерите“ веќе подолг период го имаат македонскиот репрезентативец на радарот.

Елмас во Наполи дојде во јули 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра.

Елмас сезонава ја почна како резерва и кај новиот тренер Руди Гарсија, а неговиот менаџер пред два месеци посочи дека за иднината на макеоднскиот репрезентативец, прво ќе треба да се види дали е во сериозните планови на тренерот или не.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…