Наполи ќе го продаде Елмас само за многу пари – откриено колку е откупната отштета!

t

Актуелниот калчолигашки лидер Наполи му ставил откупна клаузула на македонскиот дијамант Елиф Елмас во висона од 50 милиони евра и само под тој услов, ако некој ги понуди овие пари би можел да го продаде, зашто наполитанците како многу важна алка го сметаат репрезентативниот фудбалер за врска во тимот.

Елмас и сезонава нема улога на стартер, туку како џокер, но и тоа не е проблем зашто голгетерски има најдобра сезона со пет гола досега, а Лучано Спалети веќе го изротира на сите можни позиции во средниот ред. Токму поради ова, што Елмас е секогаш опција за повеќе позиции, а не само за една, плус добрата сезона со секоја одиграна минута, уште повеќе му ја кренале цената.

Италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“, открил од извори блиски до клубот колкава е цената на македонскиот репрезентативец.

„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена. Од 50 милиони евра и никој не сака да чуе за толку пари. Сега можеби и ќе се најде купувач, ама никако за помалку од ова“, рекол Модуњо.

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис пред неколку дена посочи дека нема намера никого да продава зашто клубот нема долгови и не е приморан да „газне финансиски пожар“. Елмас летоска се поврзуваше со трансфер во Милан, кој наводно бил спремен да даде 35 милиони евра за да го купи, па зимава Ливерпул во еден момент се појави како опција, а помеѓу тоа од Португалија дојде информација дека Бенфика експресно била одбиена откако понудила нецели 20 милиони евра, со уште некој милион во бонуси.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договорот за спречување инфекции во болниците „фати…

Македонија ризикува да загуби 100 милиони евра…

(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…

МНР со апел до граѓаните да се…

МНР со апел да се избегнуваат патувања…

(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…

Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…

Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…