Нарачал спална соба, но никогаш не ја добил – тетовец олеснет за околу 1.000 евра
На 25.12.2022 во 11.20 часот во Полициското одделение Групчин, 51-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од сопственик на правно лице за производство на мебел од гостиварско село.
Според пријавеното, на 10.09.2022 тој се договорил со лицето да му направи спална соба, по што потпишале договор и веднаш му дал капар од 400 евра, а после тоа во два наврати му дал уште 700 евра.
Како што е пријавено, до моментот на пријавувањето, лицето не ја доставило нарачката и не му се јавувало на телефонските повици.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…