Народен правобранител: Граѓаните не се должни да плаќаат за новите документи
Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки.
Народниот правобранител Насер Зибери за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.
– Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок, реагира Зибери.
Реакцијата на правобранителот следува откако министерот Спасовски вчера откри дека уште 800.000 граѓани немаат лични документи на кои стои новото име со додавката „Cеверна”, кои пак важат до февруари идната 2024, која инаку е и изборна година.
Зибери додава дека слична ситуација е и кога општина би променила име на улица, па адресата на личната карта може да е поразлична, но, во тој случај, документот не престанува да важи се дури не му истече пропишаниот рок, за разлика од оваа ситуација. Смета дека не смее да се дојде до момент, граѓаните да го изгубат избирачкото право и да не можат да гласаат на престојните избори.
– Апсолутно сметам дека секој што ќе има лична исправа, значи лична карта или патна исправа, без оглед што нема да биде усогласена со новите измени на уставот, а има рок на важност, треба да го оствари своето право на глас, во спротивно ќе имаме серизони проблеми, може да се доведе во прашање легитимитетот на изборите, а, од друга страна, секако дека ќе се ускрати едно основно со Устав загарантирано право, вели правобранителот.
Тој додава оти ветувањата на Спасовски дека граѓаните нема да бидат казнети не е решение, бидејќи ќе се појават многу други проблеми, да не можеме да завршиме работа во банка, на нотар, суд и сите други јавни институции.
Инаку, на трошок на граѓаните поради додавката „северна“ не се само личните карти, туку до февруари 2024 ќе треба да се променат и пасошите, возачките и сообраќајните дозволи, како и регистарските таблички на автомобилите, што според пресметките, севкупно може да ги чини граќаните безмалку 4000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…