Народни херои на Македонија(1.) Христијан Тодоровски – Карпош
Христијан Тодоровски – Карпош е Народен херој од Куманово. Македонски комунист и истакнат партизански борец од НОБ. Потекнува од сиромашно семејство. Од детството нема убави спомени. Родители сиромашни, трпеза празна, облека скудна, ама издржал. Како ученик во кумановската гимназија – бунтовен. Поради бунтовноста, прогресивните идеи и “противдржавната дејност“, како ученик од седми клас е исклучен од гимназијата, без право на упис во ниедна школа во тогашна Југолсавија.
Од тогаш тој е член на една друга гимназија – СКОЈ. Таму созрева, така што растура летоци, билтенот “Дедо Иван“, кој ќе прерасне во весник на гратската партизанска организација. Власта се сменува, кралот заминува, доаѓаат царборисовите “братја освободители“, ама тиранијата и гнетот остануваат. Христијан е немирен, место не го држи.Се бунтува против тиранијата и неправдата, се бори против социјалната потлаченост на работниците, младите…Со своите другари СКОЈ-евци тој собира оружје и муниција. Испукан е првиот партизански куршум на 11 октомври 1941 г., на најцрвениот ден во македонската историја, и Христијан станува партизан во Козјачкиот одред.
Од тој ден почнува да се ткае една жива легенда од огнени слогови: “На ју-риш“, “Напред“. “Напред, во бој“…Трнливи и нерамни се партизанските патишта на младиот Карпош. Одредот е разбиен, ама срцето на херојот не. Карпош не му се подава лесно на првото разочарување и очајот. Тој не знае да отстапува. Срцето му крвари од болка, за паднатите соборци, но таа болка и го мотивира, го напојува со желба и жед за освета спрема фашистите, окупаторите и народните непријатели и предавници. Тој е со народот и знае дека тие се на страната на правдата. А за паравдата и слободата треба да се војува. Смело и бескомпромисно. Самопрегорно и со многу жртви.
Но, Карпош е роден да биде бескомпромисен борец и дисциплиниран војник. Тоа и станува. Слободарската крв во него, крвта во неговите жили е проточена од дамнешниот Карпош војвода од 1689 година. Времено го напушта Куманово со 8 соборци. Првата задача им е да ја запалат општинската зграда во Младо Негоричани. Тоа и го прават и се борат со дваесетина полициајци, добро наоружани. Следуваат успешни акции во Сув Орев, Орашац, Шоп, Рударе, Катабичане, Пелинце. Потоа доаѓаат борбите во Драгоманце, Мгленце, Дренак и Жегљан. Карпош вешто ги организира акциите, добро ја проценува ситуацијата и нападите секогаш му се победоносни.
Неговата најголема битка ќе биде во Биљача на 5 февруари 1944 година, каде за жал и храбро ќе загине. Тоа била волчја зима со дебел снег што фатил мразна кора. Во битка со стотина бугарски фашисти, контрачетници, народни предавници, колачи и крвопијци, фрлајќи мини по непријателот, тој е смртно прострелан со повеќе куршуми и изговара “Ме погодија гадови…“. Му притрчуваат неколку соборци, му помага и санитарката Бранка, ама се е попусто.
Тагува и плаче селото Бињача. Тагуваат козјачките села за својот најдобар син. Плачат партизаните за својот храбар соборец и командант. Поетот со еден стих ќе ја каже вистината за легендарниот козјачки партизански командант “Пламен е Карпош, век не го држи“. Соборците го опишуваат како црномурест, со црни очи, од кои искреше брз и пробивен поглед.Бил необично снаодлив, храбар, упорен и доследен во извршувањето на акциите. Строг, но правичен воен и политички раководител. Вистински младинец, скоевец и делегат на Првиот конгрес на НОМСМ.
Христијан Тодоровски – Карпош во текот на целиот свој животбеше запален факел. Факел на светлина, борба и слобода. Своите најсветли мигови ги доживеа на падините на Руен Планина.
Но Карпош не е мртов. Тој и денес живее таму, на Руен, како вечен стражар на денешната слобода. Стражар на македонската државност. И тука, во Куманово, во Македонија, легендарниот Карпош е жив. Во индивидуалната меморија на секој од нас и во колективната меморија на Куманово и Македонија.Живее и во песните испеани во негова чест
“Битка се бие кумановско поле“, “Давај ме, мил мамо, давај ме“, “Горо ле, горо зелена“ и “Ко челик сме ние“(Марш на Третата македонска бригада.
Како народен херој прогласен на 29 декември 1945 година.
Живее Карпош меѓу нас и во нас.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…