НАСА пронајде супер Земја – егзопланета која ги има сите предуслови за живот

t

Научниците направија возбудливо и потенцијално огромно откритие во потрагата по живот во универзумот, откако пронајде далечна планета со гасови кои можат да бидат продуцирани само од живи организми.

Планетата К2-18б, која е повеќе од осум пати поголема од планетата Земја и е 120 светлосни години оддалечена, се наоѓа во зоната за живот на орбитата на ладната ѕвезда џуџе во соѕвездието Лав.

Се верува дека е Океански свет кој е релативно нова класа на егзопланета која ги поседува клучните елементи за вонземски живот, поради богатата атмосфера со водород и огромните океани со вода.

Но постоењето на оваа планета има нешто што уште повеќе ги возбуди астрономите.

Гас кој е уникатно поврзан со постоење на жив свет е пронајден на атмосферата на планетата, која се класифицира како Супер Земја, бидејќи е осум пати поголема од нашата планета Земја.

Можноста на планетата да има огромни океани со течна вода е уште една од можните потврди дека на планетата има живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАСА пронајде супер Земја – егзопланета која…

Научниците направија возбудливо и потенцијално огромно откритие…

Откриен вселенски објект што зрачи радиобранови: Можно…

Додека мапираа радио бранови низ универзумот, астрономите…

Дизајнирана да не надживее сите: „Црната кутија…

Во еден зафрлен крај на Земјата, скриена…