„Наскоро ќе разговарам со Путин“: Трамп не ја исклучува можноста да ја прекине испораката на оружје за Киев

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи можноста за целосно прекинување на испораката на американско оружје за Украина и изрази надеж дека „многу брзо“ ќе стапи во контакт со рускиот лидер Владимир Путин.
„Ќе го разгледаме прашањето. Во контакт сме со Зеленски. Наскоро ќе разговараме со претседателот Путин. Ќе видиме што ќе се случи“, рече американскиот лидер на прашањето дали новата американска администрација ќе продолжи со испораките на оружје за Киев или ја разгледува можноста за целосна суспензија.
Трамп додаде дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со шефот на украинската држава, Володимир Зеленски „кога тие сакаат“.
Исто така, американскиот лидер додаде дека е можно САД да воведат нови санкции против Русија, доколку Москва не се согласи на преговори за решавање на украинската криза.
Трамп повтори дека конфликтот во Украина немаше да започне ако останеше на власт по изборите во 2020 година.
Тој, исто така, претпостави дека Путин не го почитува поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.
„Тој не го почитуваше Бајден“. Тој е паметен, разбира, не го почитуваше Бајден“, рече Трамп.
Тој повтори дека европските земји треба значително да ги зголемат трошоците за поддршка на Киев.
„Тоа повеќе ги засега нив отколку нас. Има океан меѓу нас“, рече Трамп, потсетувајќи дека за време на мандатот на неговиот претходник Џозеф Бајден, САД потрошиле 200 милијарди долари повеќе за Украина отколку ЕУ. Тој исто така додаде дека земјите од НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарka со микрофон го удри Доналд Трамп…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатност кога…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
Францускиот екстремно десничарски лидер го откажа говорот…
Францускиот екстремно десничарски лидер Џордан Бардела го…
Кривична пријава против скопјанец за поседување на…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…
Маж кој Трамп го помилува за упадот…
Метју Хатл од американската сојузна држава Индијана,…