Насмеаниот „кacaп“ од бaндaтa на Беливук, пеел како славеј – еве кои нови гpoзoмopни детали ги открил пред Oбвинитeлcтвoтo
Срѓан Лалиќ (36), еден од најблиските соработници на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, се обиде да добие повластен статус и да се спаси од најстрога казна во судскиот процес против негов, но во тоа не успеал – информираат српските медиуми.
Без обзир на тоа што во детали ги опишал сите злосторства на криминалната група, во кои и самиот учествувал, и детално презентирал податоци за нивното функционирање, неговото барање да биде прогласен за сведок-обвинет е одбиен.
Обвинетиот Лалиќ, според неофицијални информации на Информер, од самиот почеток испраќал сигнали дека е спремен на соработка со полицијата и обвинителството. По апсењето, на почетокот на фебруари минатата година, во прв момент одбивал да одговара на прашањата, но штом пристигнале првите докази, добиени преку заштитената апликација „Скај“, одлуч да проговори, пренесува весникот.
-Овој припадник на групата даде се од себе да се заштити – вели соговорникот на Новости и додава:
„Наведе дека се правел по налог на Беливук и Миљковиќ и дека не смеел да му се спротивстави, бидејќи се плашел. Детално ја опишал хиерархијата и кој што правел, како се однесувал, кој наредувал и смислувал монструозности. Раскажал и за причините за киднапирањата и бруталните ликвидации. Зборувал и за соработниците од полиција, но и од други државни органи.“
Без обзир на трудот, Лалиќ не успеа да се „кандидира“ за олеснувачки статус. Тој на обвинителниот акт, кој брои триесетина имиња, го завзема високото петто место. Наведува дека завршил ИТ факултет, за време на испрашувањето во обвинителството за организиран криминал и во МВР на Србија, навел дека е невработен, но дека тргува со биткоини на берза и дека месечно заработува околу 1.300 евра. До сега не бил осудуван.
– Лалиќ се терети дека извршил кривични дела злосторничко здружување, пет тешки убиства, киднапирање и нелегално поседување на оружје – истакнвуа изворот на српски „Новости“ близок до истрагата. – Без обзир на тоа што покажа дека е подготвен на соработка, бидејќи кажа и повеќе од тоа што бил прашан, обвинителството смета дека има доволно докази и без неговото сведочење. Се смета дека злосторствата, за кои се терети, бараат адекватна казна, а не повластување. Тој, по се, изразил и каење.
Истрагата утврдила, благодарение на доказите кои се собрани, посебно на основа на фотографиите кои се превземени од апликацијата „Скај“,дека Лалиќ учествувал во убиството на Милан Лјепоје, Александар Глигориевиќ – Пуки, Здравко Радојевиќ, Лазар Вукичевиќ и Горан Величковиќ – Гокси. Тој исто така, во оваа криминална група бил задолжен и за набавка и одржување на криптирани телефони со споменатата апликација.
Без оглед на сите злодела за кои се сомнева дека ги направил, јавноста е згрозена од фотографијата која е обезбедена од апликацијата „Скај“ на која се гледаат Вељко Беливук, Лалиќ и малтретираната жртва. Насмевката на Лалиќ никого не остави равнодушен.
Обвинителниот акт наведува дека припадниците на групата на Беливук и Миљковиќ, жртвите ги киднапирале, а потоа ги префрлале во „кланицата“, како што ја нарекувале куќата на смртта во Ритопек, каде се убивани луѓето. Жртвите ги колеле и давеле, но ги усмртувале и со удари во глава.
Срѓан Лалиќ се најде и на кривичната пријава за киднапирање и убиство на Никола Митиќ (33). Тоа е шеста жртва за чија смрт се собрани докази. Тој е киднапиран на Дедиње, пред амбасадата на САД, а потоа префрлен во просториите на оваа криминална група во Хумска, каде го мачеле.
Како што тврди обвинителот, покрај физичкото малтретирање на Митиќ, Лалиќ се занимавал и со бришење на видео-зпаисите од стадионот, на кој бил снимен моментот на влегување на жртвата во нивната „база“. Беливук и Миљковиќ, потоа, донеле одлука претепаниот Митиќ да се префрли во викендицата во Ритопек и таму да се убие. Обвинетиот Милош Будимир, Лалиќ и Дејан Тешиќ ја префрлиле жртвата од Белград во Ритопек.
– Врз основа на упатства и наредби од Беливук и Миљковиќ, кои ги испраќале преку „Скај“, Митиќ најпрво, во нивната „кланица“, како што ја нареувале просторијата во гаражата, му го отсекле прстот на ногата, потоа го давеле, а на крај го заклале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од снајперистите е од Босна, учествувале…
Атентатот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ,…
Насмеаниот „кacaп“ од бaндaтa на Беливук, пеел…
Срѓан Лалиќ (36), еден од најблиските соработници…