Наставничката избодена повеќе од 30 пати: Последните детали за страшниот напад во училиштето Пречко во Загреб

t

Во петокот млад човек (19) кој се лекувал на психијатриска клиника влета во загрепското основно училиште во Пречко. Избодел наставничка и деца, а едно од нив почина. Младиот човек е уапсен, откако претходно се обидел да се убие.

„Наставничката е стабилна, се уште дише со помош на механичка вентилација, а за денеска е закажана дополнителна дијагностика за нејзиното лекување“, одговориле за „24 сата“ од КБ Свети Дух и потврдија дека наставничката имала 31 убодна рана.

Министерството за здравство соопшти дека три деца со прободни рани се стабилни и добро.

Полицијата ја заврши истрагата, па улицата до училиштето беше пуштена за сообраќај. Училиштето се уште е опкружено со полициска лента, а има околу 10 полицајци кои го обезбедуваат местото на теророт.

Владата одлучи да ја прогласи сабота 21 декември за Ден на жалост во Хрватска. На Денот на жалост знамињата се спуштени на половина копје, а нема да има забавни настани, додека медиумите треба да ги приспособат своите програми за да го одбележат тој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан Македонец удрил во паркиран автомобил во…

45-годишен државјанин на Северна Македонија учествувал во…

Дојава за бомба во загрепскиот „Арена Центар“

Загрепскиот Арена Центар е попладнево евакуиран. Сите…

Бура го парализира аеродромот во Загреб, невремето…

Невремето и силниот ветер привремено го запреа…

Двокатен автобус oд Косово се заглави под…

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот…

Лажен доктор од Македонија мамел постари лица…

Полицијата во Загреб ја завршила кривична истрага…