Наставничката која беше приведена во Неготино била во депресија – еве што порача нејзиниот сопруг

t

Јавноста со низа реакции откако завчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. Т.Ј.С. е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.

Во врска со случајот се огласи и сопругот на наставничката.

– По професија сум дипломиран машински инженер, со мојата диплома работев и во Германија, а веќе две години сум наставник во основно училиште во Неготино и предавам во околните села. Мојата сопруга, која беше вчера првидена во полиција работи како наставничка околу 20 години. Случајот со приведувањето и образложенијата дека таа психички ги малтертирала учениците е главна тема во Неготино, но и пошироко, па би сакал да појаснам за јавноста која е позадината, за „Фокус“ раскажува М.С., видно вознемирен од настанот.

Како што појаснува, и тој и сопругата биле под постојани притисоци, а таа на почетокот на годината користела еден месец боледување и и била поставена дијагноза, која тој вели дека не би ја откривал во јавност, но не крие дека станува збор за нарушено здравје поради стресни ситуации поврзани со работата.

-Во последните неколку дена, односно од петокот, па до вчера, беше очигледно дека мојата сопруга падна во депресија. Плачеше, се жалеше дека е сама, дека никој не ја разбира. Истото однесување, колку што сега знам, го имала и на училиште, па поради тоа и ги вознемирила учениците и нивните родители. Но, наместо мене да ме контактираат, да ја пратат на боледување, па да бараме здравствена помош, се случи да ни дојде полиција дома, и тоа, кога дома имавме слава Свети Димитрија, кога масата ни беше поставена… Многу немили сцени ,вели наставникот за Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Овој дел од лубеницата е корисен за…

Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…

(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…

Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…

Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…

iPhone 17 Air ќе има батерија од…

Веќе подолго време се знае дека iPhone…

Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…

Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…