НАТО граничари биле нападнати со прачки од маскирани лица во белоруски униформи
„Њузвик“ наведува дека оваа вест доаѓа во време кога тензиите меѓу овие две соседни земји не покажуваат знаци на намалување.
Се вели дека полските гранични сили објавиле во саботата дека група од седум лица со „маскирани лица“, облечени во белоруски униформи, фрлале камења врз полските патроли во близина на пограничниот град Дубица Черкиевна во североисточниот дел на земјата.
-Имале прачки и батериски ламби со кои ги заслепувале патролите – соопштија полските граничари, додавајќи дека инцидентот се случил околу девет часот навечер.
Се наведува дека на таа локација пристигнало „специјално возило“ и дека нема повредени.
„Њузвик“ потсетува дека на почетокот на овој месец Белорусија ја обвини Полска, која е меѓу земјите кои најмногу ја поддржуваат Украина, дека испратила хеликоптер преку граничната линија, што Варшава го демантираше.
Се известува дека само неколку недели претходно полските власти објавиле дека два белоруски хеликоптери влегле во полскиот воздушен простор, додека Минск изјавил дека „немало прекршување на границите“.
Полска во средината на август објави дека ќе испрати уште 10.000 војници на границата со Белорусија, од кои 4.000 ќе бидат задолжени за обезбедување директна поддршка на граничарите.
– Ја придвижуваме војската до границата со Белорусија за да го исплашиме и избркаме агресорот за да не се осмели да нѐ нападне – изјави тогаш Мариуш Блашчак, министерот за одбрана на Полска.
Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија и еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, во средината на јули изјави дека платениците од „Вагнер, кои по напуштањето на Русија дојдоа во Белорусија каде што се обучуваат, се нетрпеливи да оди „на запад“ кон границата со Полска.
Лукашенко потоа рече дека „вагнерците ќе ги посетат Варшава и Жешов“, мислејќи на полскиот главен град и градот кој е еден од главните воени центри во Полска.
Коментарите дојдоа откако се појавија стравувања за судбината на коридорот Сувалки, тесна гранична област меѓу Полска и Литванија што ја поврзува Белорусија со руската балтичка ексклава Калининград.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на крајот на јули објави дека владата во Варшава има информации за движење на повеќе од 100 платеници од руската приватна воена компанија „Вагнер“ во правец на коридорот Сувалки, кој е стратешки многу важен и за НАТО и за Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…
Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…
На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…
Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…
Откако се обрати до нацијата, претседателот на…
Белата куќа објави фотографии од Советот за…
Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…