Објавено на:

НАТО: Земјите членки донесоа одлука за зајакнување на военото присуство на Алијансата во реонот на Балтичкото Море

t

Земјите членки на НАТО донесоа одлука за зајакнување на военото присуство на Алијансата во реонот на Балтичкото Море.

Ваквата одлука е донесена на средбата на постојаните претставници на земјите членки при НАТО посветена на безбедноста на критичната инфраструктура во Балтичкото Море, по оштетувањето на подморските кабли што ги поврзуваат Естонија и Финска на 25 декември.

Во соопштението од средбата се посочува дека сојузниците изразиле целосна солидарност со Естонија и Финска во врска со овој случај, при што се потсетува дека оштетувањето на каблите, за кое истрага водат финските власти, е еден од бројните неодамнешни инциденти во Балтичкото Море кои се сметаат за можна саботажа.

– Со цел да се задржи будноста, да се зголеми свесноста за ситуацијата и да се одвратат идни инциденти, Сојузниците, исто така, размислуваат и за други мерки за справување со потенцијалните закани по критичната подводната инфраструктура, вклучително и со поддршката на Поморскиот центар на НАТО за безбедност на критичната подморска инфраструктура, основан во мај оваа година, се додава во соопштението.

Фото: НАТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Земјите членки донесоа одлука за зајакнување…

Земјите членки на НАТО донесоа одлука за…

За прв пат во историјата: Украинците уништија…

Украинската армија денеска соопшти дека нејзините сили…

(Видео) Филипче: Заедно ќе изградиме држава во…

Новата година е време на надеж, нови…

Што сака да постигне Маск со поддршката…

Што напиша американскиот технолошки милијардер во својот…

МВР со предновогодишна честитка: Од утре нема…

Од утре личните документи и возачките дозволи…