НАТО: Имаме доволно пари и средства да ги поддржиме и Израел и Украина
НАТО има доволно ресурси да го поддржи и Израел и Украина, изјави заменикот на генералниот секретар на западниот воен пакт Мирчеа Џоана.
„Мислам дека имаме доволно ресурси на ниво на Алијансата. Во 32 земји на НАТО, вклучувајќи ја Шведска, живеат повеќе од милијарда луѓе, што е повеќе од 50 отсто од глобалниот БДП. Имаме ресурси, така што можеме да се справиме со тие две ситуации“, кажа Џоана.
Како што истакна, НАТО се надева дека ќе се смири ситуацијата на Блискиот Исток што е можно побрзо и ќе продолжи да ја поддржува Украина.
Според него, земјите од НАТО треба да се обединат, да го поддржат Израел и да избегнат ескалација на Блискиот Исток.
„Постојат играчи кои би биле исклучително среќни кога Западот, САД и ние би почнале да го делиме вниманието меѓу она што се случува на истокот и во источна Европа, во Украина. Но тоа нема да се случи“, истакна заменик генералниот секретар на НАТО.
Меѓутоа, Фајненшал тајмс пишува дека конфликтот на Блискиот Исток ја турнал Украина во втор план.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на состанокот на НАТО претходно месецов, се обидувал да изгледа како да не се натпреварува за внимание, додека изразувал емпатија кон Израелците и повлекувал паралели меѓу нив и Украинците, пишува британскиот весник.
Тој ги повикал „сите лидери да го посетат Израел и да покажат поддршка“ и наводно го прашал премиерот Бенјамин Нетанјаху дали би можел да го посети Израел заедно со другите лидери за да покаже солидарност.
Одговорот од Тел Авив бил: „Сега не е добро време“. За многу Украинци тоа е знак за тревога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…