НАТО: Најдобар пат до траен мир е зголемување на помошта за Украинa
Најдобар пат кон траен мир е зголемување на помошта за Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата со летонската премиерка Евика Силинија во седиштето на Алијансата во Брисел.
Столтенберг го поздрави придонесот на сојузниците во одбраната на Украина и го истакна почетокот на испораката на тенковите Абрамс од САД. Според него, украинската контраофанзива постигнала траен напредок, а на некои места се преминати и руските одбранбени линии.
– Не гледаме знаци дека (рускиот претседател Владимир) Путин ги променил своите цели. Војната што ја води Русија е најголемата закана за нашата безбедност во последните децении, резимира Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…