НАТО порачува: Војната не е далеку, без поголеми инвестиции, не можеме да гарантираме безбедност
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е потребно земјите-членки на Алијансата да издвојат 3,5 проценти од БДП за одржување на безбедноста на Атлантикот, Арктикот, Европа и САД.
-Живееме во опасен свет, а заканата не е далеку – предупреди Руте на седницата на Парламентарното собрание на НАТО во Љубљана и изјави дека руските ракети од новата генерација можат да стигнат до европските престолнини за неколку минути, објави РТВ Словенија.
Руте нагласи дека НАТО не треба да ја потценува руската закана, но во исто време да не ја преценува својата воена моќ.
Тој уште еднаш ја пофали реакцијата на силите на НАТО на упадот на руски авиони во полскиот и естонскиот воздушен простор.
Четиридневната годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО заврши денес во Љубљана, а на состанокот беа повикани земјите-членки да ја исполнат својата обврска за зголемување на трошоците за одбрана и безбедност на пет проценти до 2035 година и да ја зголемат поддршката за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО порачува: Војната не е далеку, без…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не…
Со емотивна порака на социјалните мрежи од…
„Се боревме 213 денови и денес ни…
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ преку социјалните мрежи…
Разрешување на Коцевски прв приоритет на Мицкоски…
Робусната акција во правосудството на Хрситијан Мицксоки…
(Фото) Елена Ристеска со срцепарателна порака за…
Смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот…