НАТО размислува за поофанзивен пристап кон Русија поради хибридните закани

t

НАТО би можел да го заостри својот одговор кон Русија поради серијата кибернапади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави претседателот на Воениот комитет на Алијансата, адмирал Џузепе Каво Драгоне. Во интервју за Financial Times, тој потврди дека се разгледува можноста за премин од сегашниот реактивен модел кон поофанзивен пристап во справувањето со хибридните закани.

„Ги разгледуваме сите опции. Во кибер-просторот досега најчесто реагираме. Прашањето е дали треба да бидеме поагресивни и проактивни наместо само да одговараме“, изјави Драгоне.

Последните години во Европа беа регистрирани повеќе инциденти што се поврзуваат со руски активности – од пресечени подморски кабли во Балтичкото Море, до координирани кибернапади врз државни и приватни системи. Дел од случаите директно се поврзуваат со Москва, додека за други официјалното потекло не е утврдено.

Повеќе земји-членки од источниот дел на Алијансата повикуваат НАТО да престане да реагира само по напад и да развие мерки за одвраќање кои би вклучувале и дејствување пред самата закана. Најреално остварлива опција, според аналитичарите, е засилена офанзива во кибер-просторот, каде што многу сојузнички држави веќе располагаат со напредни капацитети. Ситуацијата станува покомплексна кога станува збор за физички саботажи или упади со дронови.

Адмиралот посочи дека одредени форми на „превентивен удар“ би можеле да се сметаат за одбранбено дејство, но предупреди дека тоа би значело сериозно отстапување од сегашниот оперативен систем. „Правниот и јурисдикцискиот рамковен контекст е клучен – како, кога и кој би го спровел тоа?“ додаде тој.

Како пример за успешна мерка на одвраќање, Драгоне ја посочи мисијата Baltic Sentry, во рамки на која бродови, авиони и морски дронови на НАТО патролираат во Балтичкото Море. Според него, ова присуство имало клучна улога во спречувањето на инциденти со оштетени подморски кабли какви што беа забележани во 2023 и 2024 година, за кои постоеше сомнеж дека биле предизвикани од бродови поврзани со руската „сенковита флота“.

„Откако започна Baltic Sentry, немаме ниту еден нов случај. Тоа значи дека одвраќањето работи“, нагласи Драгоне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО размислува за поофанзивен пристап кон Русија…

НАТО би можел да го заостри својот…

Утре попладне средба Путин-Виткоф

Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и…

Залужни: Влез во НАТО или распоредување на…

Амбасадорот на Украина во Велика Британија и…

Црна Гора ќе воведе визи за руските…

Црна Гора ќе воведе визи за руските…

Туск: НАТО е создаден за заштита од…

Полскиот премиер Доналд Туск ги повика сојузниците…