НАТО, САД и Германија ги осудија планираните референдуми во четирите украински региони
НАТО, Вашингтон и Берлин денеска ги осудија планираните референдумски изјаснувања во украинските региони Доњецк и Луганск, на кои се очекува самопрогласените „републики“, како и регионите околу Запорожје и Херсон, да се изјаснат за присоединување кон Русија.
Лажните референдуми немаат легитимитет и не ја менуваат природата на руската агресивна војна против Украина. Ова е натамошна ескалација во војната на рускиот претседател Владимир Путин, објави на Твитер генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Меѓународната заедница мора да го осуди ова флагрантно кршење на меѓународното право и да ја зајакне својата поддршка за Украина“, повика Столтенберг.
Белата куќа соопшти дека „Русија набрзина организира лажни референдуми“.
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека САД нема да ги признаат референдумите за припојување делови од Украина кон Русија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ги окарактеризира како неприфатливи таквите „фиктивни” референдуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Шестмина осомничени за уривање на уставниот поредок…
Шест лица се приведени во српската Палата…