Објавено на:

Наум Петрески: На Нова година на плоштад ќе има квалитетна програма, не мјаукања, мини сукњи и деколтеа!

t

Популарниот фолк пејач Наум Петрески за ,,Фокус” вели дека за новогодишната ноќ во Скопје нема да има мјаукање и деколтеа со мини сукњи, туку квалитетни изведувачи.

Регионалните музичари имаат значително поголем маркетинг од домашните, вели Петрески но сепак ветува добра забава на плоштад. Потенцира дека иако хонорарите кои ќе ги добијат нашите пејачи не се огромни, публиката ќе има можност да следи квалитетна програма.

-Секој си има право на свое мислење во демократска земја. Така било отсекогаш, и неретко кај нас за Нова година и други прослави доминираат пејачите од увоз. Можеби и тоа е нормално, со оглед на нивните маркетиншки покриености низ целиот Балкан. За разлика од нив, кои ги има на секоја нивна телевизија, нашите телевизии немаат идеји што да прават со себе, па удираат со македонски приказни и турски серии, со емисии кои никој реално не би ги гледал. За дочекот на Новата година можам да кажам дека ќе биде во духот на македонското, така да, можеби ќе се зголеми чувството за државност и за своите традиции. И она кое е исто така многу важно, нема одлив на огромни пари во странство, туку поскромни средства кои остануваат тука. Публиката ќе види многу повеќе од мини сукњи, деколтеа и мјаукања на бина (чест на поквалитетните изведувачи) – вели Петрески за Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ