Научете се на поладно – Бислимовски: Да не очекуваме дека ќе има грејна сезона со 24-25 степени

t

Во саботата почна грејната сезона. Доколку температурата во текот на денот е под 15 степени, треба да работат и топланите. Според информациите од ЕСМ, има одредени проблеми со внатрешна инсталација, но и кај некои топлотни станици и поради тоа се исклучени пумпите, но имало и дефект, кој технички може да се види. Ова е вообичаен почеток на грејната сезона. Како ќе поминува секој ден неделава, ситуацијата ќе се подобрува и непречено ќе се одвива грејната сезона, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимовски во однос на почетокот на грејната сезона во Скопје.

Тој истакна дека минато се времињата кога еден стан со топли радијатори се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре.

-Треба да се штеди и нашите топлани да работат во оптимални режими. Да се покажеме солидарни и да не очекуваме дека повторно ќе имаме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Тоа што е минимум ќе се обезбеди 21 степен целзиусов. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимовски во „Студио 10“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последни пресметки за цената на парното греење,…

Компаниите кои се надлежни за парното греење…

“Празнична атмосфера”: Во Киев нема ни вода…

Клучната инфраструктура е оштетена во Киев по…

Од денеска снег во Киев, а градот…

Во Киев од денеска се очекува обилен…

Привремено решен проблемот со греењето на Бутел…

Обезбедени се финансиски средства за набавка на…

ЕСМ: Одговорноста за прекин на греењето на…

АД ЕСМ нема правен основ да му…