Национален совет за бeзбедност на Украина: Нема потврда за подготовки за голема руска инвазија
Киев не гледа основа да потврди дека се подготвува голема агресија против Украина, изјави денеска шефот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов.
„Би сакал уште еднаш да кажам дека не гледаме основа да кажеме дека се подготвува голема агресија против Украина. Тоа е физички невозможно. Дали има движења на руски војници на руска територија? Да, има и тоа не е вести за нас, но затоа може да биде важна вест за нашите странски партнери“, рече Данилов на брифингот по состанокот на Советот, пренесува ТАСС.
Советот за национална безбедност и одбрана на Украина денеска се обиде да ги убеди украинските партнери дека нема причина за паника поради наводната закана од руска инвазија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…