Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани си поднесе оставка

t

Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани си поднесе неотповиклива оставка.

Се работи за кадар од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Тарвари, кој неодамна ја напушти Владата.

„Донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност“, порача Блерант Рамадани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…