Објавено на:

Началникот на генералштабот на САД: Руските напади во Украина се воени злосторства

t

Началникот на Генералштабот на САД генерал Марк Мили, по денешниот состанок во Брисел на Контакт групата за одбрана на Украина, оцени дека руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во таа земја претставуваат „воено злосторство“, јави „Си-ен-ен“.

На прес-конференција, Мили рече дека „Русија намерно ја гаѓала цивилната инфраструктура, со цел да им наштети на цивилите”.

„Неселективните и намерни напади врз цивилни цели се воено злосторство според меѓународните правила за војување“, рече генералот.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој исто така учествуваше на средбата со новинарите, рече дека неодамнешните напади од Русија „ја откриваат злонамерноста на војната на Путин што ја започна”.

Остин, кој претседаваше со контакт-групата за одбрана на Украина, рече дека „решителноста” на сојузниците и партнерите да и помогнат на земјата само зајакнала по големиот руски ракетен напад во понеделникот.

На конференцијата, на која присуствуваа претставници на повеќе од 50 земји, се разговараше за тоа како да се продолжи со поддршката на Украина, која се бори против руската инвазија.

Остин рече дека САД и сојузниците „ќе продолжат” да испраќаат воена помош на Украина, како што е високоподвижниот артилериски ракетен систем, познат како ХИМАРС, кој ѝ помогнал на земјата во нејзината контраофанзива против Русија, пренесува „Си-ен-ен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…