Нашата чудесна земја: Гостиварец си позајмил агрегат од оштинско претпријатие па “заборавил” да го врати

Вработен во гостиварскиот стационар за улични кучиња од свој познаник зел агрегат за да заврши работи во стационарот, но потоа никогаш не ја вратил позајмената машина, соопшти полицијата.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ј.(43) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. На 12.10.2022, пријавениот – вработен во стационар за третирање на улични кучиња во Гостивар, од друго лице зел на користење агрегат со цел да изврши работи во стационарот, но по завршување на работите пријавениот не постапил по договорот и одбивал да го врати агрегатот“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворени два угостителски објекти во Тетово и…
На 19.03.2025 во период од 10 до…
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
Полицијата вчера уапсила 43-годишен гостиварец, кој бил…
Во делови од Тетово и Гостивар отежнато…
Поради снегот денеска продолжи одлуката за задолжителна…
Приведени три Албанки во угостителски објект во…
Рано утрово полициски службеници од ОВР Гостивар…
Девојчиња се првите бебиња во Охрид и…
Женско е првото бебе кое четириесетина минути…