Нашите историчари треба да го бранат македонското: Брзоплет договор со Бугарија ќе биде само на штета на Македонците

t

„Во однос на спорот со Бугарија има повеќе работи што се на маса, едно се збори дека целиот проблем што е со Бугарија ќе влезе во преговарачка рамка. Или преведено ако влезе, да речеме дека ние сега би добиле меѓувладина конференција и би ги започнале преговорите, во преговарачка рамка може никогаш да не ги заврпиме, и тоа граѓаните треба да го знаат.

Потоа, има исто така една замка каде што се вели отворање на Устав, промена на Устав итн. Но, не знаеме што се би влегло во Уставот. Трета работа што се случува е дека можеби ќе биде заобиколено Собранието, и дека можеби во Брисел ќе се изгласа нешто во Парламентот и таму ќе се дадат некои смерници со некоја си заедничка изјава или и сл. Ова се хипотетички ситуации што во моментов се размислуваат.

Слушаме дека се подготвува некој памфлет, договор што би бил од 30-тина страни. Но, суштината колку што јас имам информации е дека историските комисии не можат да се договорат“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мисајловски додаде дека историските комисии имаат многу различни размислувања за одредени историски прашања.

„Нашите историчари треба да си го бранат она што е наше македонско. Да, има проблем што ние како опозиција имаме црвени линии, но проблемот е и што целата Вада гласаше една Резолуција во Собранието каде што сите направивме црвени линии. Е, сега е прашањето дали од власта ќе се придржуваат до црвените линии. Или пак од владата по некоја формулација ќе го заобиколат сето тоа. На сето ова треба да сме многу внимателни“, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека за сите прашања поврзани околу спорот со Бугарија треба опозицијата и граѓаните да се будни.

„Брзоплет договор и брзоплето играње позади завесата ќе го чини само македонскиот народ. Затоа треба да бидеме будни и да внимаваме на се. Ние како ВМРО-ДПМНЕ нема да останеме на страна“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски потсети дека власта не ја изгласа Декларацијата за Гоце Делчев, туку и бегаше од дебатирање во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…