Највисоката плата во Македонија е 320 илјади евра месечно: 374 илјади луѓе во државата земаат плата по просечната!
Од минималец до милионер: Дискриминација во платниот систем во Македонија
Минатата недела „Блумберг Адрија“ објави дека во јули највисоката исплатена нето-плата изнесувала над 320.000 евра. А трите највисоки плати заедно надминуваат 700.000 евра па побараа став од ССМ.
Во земја во која во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата, фрапантни се податоците според кои газдата со највисока плата во Македонија земал плата колку за 817 работници на минималец, а првите топ три газди со пресметковни ефективни нето плати земале плата за еден месец колку за 1790 работници на минималец, а после некои зборуваат за ниската продуктивност на македонските работници.
Но, уште позагрижувачки се податоците дека во месец мај ( последен податок од УЈП обезбеден од ССМ) има евидентирано 0 ( нула ) работници кои примиле минимална плата и 0 ( нула ) работници кои примиле просечна плата што фрла дополнителен сомнеж на состојбите со платите во Македонија, но политичарите изминативе години обожаваат да се расфрлаат со фалби како растот на просечната плата во Македонија покажува дека животниот стандард на македонскиот работник се подобрува, но реалноста е дека работниците и покрај тоа што примаат плата тонат во сиромаштија, а газдите со милионски плати во денари, па и функционерите со над 2.000 односно 2.500 евра плати уживаат во луксузот и се глуви на барањата за раст на минималната и раст на сите останати плати.
Но, нешто за што никој не зборува, а веќе мора гласно да се зборува е фактот што работниците на минимална и оние до просечна плата плаќаат вкупно 38% придонеси за задолжително социјално осигурување, а газдиве со милионски износи и тоа само овие топ три плати од 324.158 евра и тие од близу 217.000 евра и 170.000 евра (нето) плаќаат придонеси до 16.430 евра бруто (односно 16 х 63.154 денари бруто просечна плата за претходната година како највисока основица за сите придонеси за ПИО, здравство, дополнително здравство и за вработување) од 38%, а над тој износ, газдите плаќаат само 10% персонален данок па ако тоа не е неправда, тогаш…
Македонската Влада мора да бира, или да им даде на сиромашните работници со плата под просечната плата, или да им земе на газдите милионери со плата над милион денари, затоа што едниве плаќаат 38% давачки, а другиве само 10%, затоа што во Македонија веќе одамна не важат сите економски практики ако земат да се анализираат сите економски показатели и факти.
Целата објава од Bloomberg Adria можете да ја прочитате на линк во коментар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Највисоката плата во Македонија е 320 илјади…
Од минималец до милионер: Дискриминација во платниот…
Приведено едно лице поради сомнение за посредување…
На 11.09.2025 во периодот од 12:00 до…
Полиција влегла кај „Кумановска горила“, целта е…
*Објава на Фејсбук на Милош Милошевски Поддршка…
Владата мора да бира, или да им…
*Објава на Фејсбук на претседателот на Сојузот…
Фицо за убиството на Кирк: Убиен затоа…
Чарли Кирк беше убиен затоа што размислувал…