Највисоко ниво на тpeвога во Нов Зеланд поради 12 случаи на омикрон, премиерката ја отkaжа свадбата

t

Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови коронамерки во земјата поради ширењето на омикрон. Во целата земја ќе важи највисокото ниво на рестрикции, што подразбира и носење маска во продавници и јавен превоз и ограничување на собирите на 100 вакцинирани луѓе.

Ардерн истовремено потврди дека ја откажува венчавката со својот долгогодишен партнер Кларк Гејфорд, што требаше да се одржи во наредните недели.

Јас не сум ништо поразлична од илјадници Новозеланѓани кои почувствуваа и поуништувачки последици на пандемијата, особено оние кои не можат да бидат со своите најблиски кога се тешко болни. Тоа надминува која било тага што јас ја имам искусено – изјави Ардерн.

Новите мерки стапуваат на сила на полноќ по локално време и следуваат откако беше потврден кластер со девет случаи на омикрон. Властите велат дека очекуваат високо ниво на локално пренесување на вирусот и 1.000 нови случаи на зараза на ден, што досега не е регистрирано во земјата.

Нов Зеланд преминува во црвено, највисоко ниво на тревога поради откривањето на 12 случаи на зараза со омикрон во земјата, соопшти премиерката Ардерн на веб-страницата на Владата.

Знаеме дека зараза со омикрон веќе се појави и на Северните и на Јужните Острови и оти се пријавени неколку инфекции на неколку места – рече Ардерн.

Таа истакна дека најмалку двајца носители на новиот вид учествувале на масовни настани и најверојатно го пренеле вирусот на значителен број луѓе во земјата.

Нашата стратегија е да го забавиме ширењето на сојот Омикрон и вклучува мерки како што се употреба на маски и ограничување на бројот на учесници на сите видови настани, што исто така ќе го намали товарот врз нашиот здравствен систем. Ќе продолжиме брзо да ги тестираме луѓето, да ги следиме нивните контакти и да ги изолираме – нагласи Ардерн.

Таа ги повика жителите на земјата што поскоро да примат бустер вакцина, доколку поминале најмалку четири месеци од примањето на втората доза од вакцината.

Треба да ги искористиме следните недели пред значително да се прошири вирусот за да им помогнеме на што е можно повеќе луѓе да добијат бустер доза. Местата за вакцинација денеска се отворени низ целата земја и ќе го зголемиме капацитетот во текот на целата недела – рече Ардерн.

Нов Зеланд функционираше под строги рестрикции од почетокот на пандемијата, со што успеа бројот на починати да го задржи на минимум. Околу 94% од населението над 12 години е целосно вакцинирано, а 56% од нив имаат примено и трета доза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…