Најголемиот промотор на една држава и еден народ: Време е за Министерство за спорт!

t

Прашањето за институционализација на спортските активности во смисла на организирање на засебно Министерство за спорт денес добива на актуелност. Имено, ако земја со мала популација во однос на спортските велесили сака да има врвни резултати, тогаш треба да биде заинтересирана и да инвестира како економски така и политички (институционално) во спортот. Периодот по завршувањето на парламентарните избори, секогаш е најсодветно време за отворање навидум споредни, но сепак важни општествено-политички теми. Убеден сум дека темите поврзани со спортот не се посебен приоритет за властите, но дали е тоа исправно?

Спортот е најголемиот промотор на една држава и еден народ. Слушајќи ги пораките во предизборијето да бидам искрен, мојата филозофија на размислување и делување оди кон поддршка на изјавите на новиот мандатар Проф. Мицковски кој децидно најави и сакам да верувам ќе опстои на тоа дека Агенцијата ќе прерасне во Министерство за спорт но и воедно ќе дојде до намалување и кратење на бројот на министерски места што претставува сериозна реформа пред се позитивна. Убеден сум дека еден дел од нив се сериозно непродуктивни, а воедно и голем терет на расходната страна на државниот буџет, а за сметка на тоа имаат минимален или воопшто немаат придонес во подобрувањето на животниот стандард и животните услови на нашите граѓани. Но тоа е тема за други анализи.

Со овој текст ќе се обидам да понудам аргументи дека актуелната Агенција за млади и спорт одново треба да прерасне во Министерство за спорт.

Факт е тоа дека години наназад во нашата држава беа донесени одредени даночни зафати во корист на спортот преку интервенција во даночната политика кој без малку обезбеди преку 20 милиони евра директна државна помош за спортки федерации и спортки клубови и спортисти. Но ако рамизлиме длабински со рекативирање на идејата за Министертво за спорт ќе се обврзе нашиот општествен систем да создаде правен и економски амбиент кој би ги мотивирало не само нашите луѓе и компании (туку и потенцијалните странски инвеститори) да инвестираат во спортот и спортските клубови (примерот со ФК Работнички) но и во спортска инфраструктура. Министерство за спорт ќе учествува директно на владините политики при што најдиректно може да има влијае за спортот, понатака целата спортска политика која треба да е утврдена со Закон за спорт или пак други акти и правни документи сега ќе може да се предлаггат директно а не како досега преку Министерво за правда кое ја има надлежноста за актите во областа на спортот.

Како рамноправен субејкт во владините политики може дирекно да обезбедува сигурност на потенцијалните инвеститорите во спортот и спортската инфраструктура. Исто така, преку министерство би требало да се обезбеди пристап до информациите што ги поседуваат надлежните за спорт кое се заснова на принципите на слободен пристап до информации, транспарентност на работата на властите, како и модалитетите на трошење на јавните финансии. Понатака, може да потикнува истражувања во областа на спортот се со цел да се унапредува пред се професионалниот (врвен) спорт.

Убеден сум дека на повидок се тешки екомонски денови, а со самото тоа и тешки денови за македонскиот спорт, и покрај тоа што се презедоа серија законски измени и промени во делот на даночното олеснување за спортот или таканаречено “спортски ваучер“ сепак состојбите во спортот не се розеви особено од аспект на финсирањето. Па затоа реактивирањето на Министерство за спорт пред се ќе значи поголема бенфиции за спортските клубови и спортистите, но и поголем фокус кон македонскиот спорт. Факт е тоа дека со подигање на ниво на министертво се добива поголеми надлежности и ингеренции при раководење на институцијата а верувам дека со самото тоа ќе се подигне и организираноста, професионалноста и отчетноста при извршување на задачите, особено во делот на професионална спортска администрација која би била обучена и адаптирана исклучиво за потребите на спортот и успесите на спортистите.

Самото министерство во себе ќе мора да опфати повеќе сектори и тоа: сектор задолжен за професионален спорт, сектор задолжен за масовен или рекреативен спорт, и онаа најзначајното сектор задолжен за развојниот или младински спорт. Понатака многу е важно да се воспостави засебна спортска инспекција која ќе биде насочена контрола на спортската инфрастуктура но и засебна финасиска инспекција која би била надлежна во делот на трошењето на јавните финасии.
Унифициран спортски европски систем нема, но сепак најголем број на земјите члени на ЕУ имаа свои министерста за спорт или пак спортот е дел од пошироки ингеренции и тоа: Бугарија, Чешка Република, Ирска, Грција, Шпанија, Франција, Хрватска, Кипар, Литванија, Луксенбург, Малта, Холандија, Австрија, Словачка, Словенија и Полска. Напомена во поголем дел од нив спортот е поврзан со култура, младите или туризмот. Исто така, и земјите од опкружување како што се: Србија, Црна Гора, Албанија, Турска и Косово имаат свои министерства за спорт. Како за потсетување во нашата држава во 1998 година, тогашната десничарска влада на Љубчо Георгиевски, реши да основа Министерство за спорт каде за министер го постави проф. д-р Ѓорѓи Боев (прв и последен за сега). Но, само по четири години, во 2002 година, Владата на Бранко Црвенковски, без стручна и научна анализа го укина министерството, и одлучи да биде на ниво на Агенција за млади и спорт.

Сите овие примери, ако не повеќе, мора да претставуваат сериозна основа за отпочнување јавна дебата за реактивирање на идејата за Министерство за спорт во Македонија. Но мора да се признае дека македонските влади кои биле со десничарска политичка ориентација секогаш имале повеќе интерес за помагање на спортот, за разлика од левичарските орентирани влади, податок со кој, верувам, би се согласиле и најголемите критичари.

Поттикнат од целокупниот амбиент во кој се најде нашата држава, верувам дека е време за Министерство за спорт кое ќе придонесе за тоа да го вратиме спортот на пиедестал на кој заслужува да биде. Убеден сум дека на тој начин, посуштински и подетално од сите аспекти (спортски, кадровски, институционален, нормативен и економски) спортот ќе биде многу повеќе професионално организиран и со силна професионална спортска администрација обучена за таа намена, би успеал да се оддолжи на државата со конкретни спортски резултати, како на репрезентативен, така и на клупски план.

Пишува Проф. д-р Иван Анастасовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејството од изгорениот автомобил кај Гевгелија се…

Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија…

Бундесверот се подготвува да евакуира германски граѓани…

За таа цел во воздухопловната база во…

Во хотел во Битола пронајден починат маж

На 04.08.2024 во 12.47 часот во СВР…

Исчезнато е возрасно лице од Прилеп –…

За кратко време исчезнато уште едно возрасно…

Британија ќе формира специјална полициска единица за…

Британската влада ќе формира специјална полициска единица…