НАЈГОЛЕМИОТ ТРОШОК НА ДРЖАВАТА – ДСД ги стави студентите на “диета”: Нема појадок оти имаат студентски оброк
Пред избори најважна група во општеството, по избори трошок на државата.
Неодамна државните студентски домови во цела Македонија одлучија дека треба да се укине еден од трите оброци кои студентите ги добиваа со престојот во домовите и се одлучија токму за појадокот.
Остра реакција следуваше од студентите кои протестираат на ваквата одлука, но и на одлуката за зголемуување на станарината во домовите за 10%. За тазлика од поскапувањето, од кое се откажаа, домовите се чини се цврсто решени да ги остават студентите без појадок, а имаат траги-комично објаснување за истото.
Во одговор на прашање на Инфомакс зошто се укинува појадокот за студентите, од Државинот студентски дом Скопје одговорија дека студентите добиваат студентски оброк во износ од 140 денари кои се исплаќаат на дневно ниво и со тоа студентите повторно имаат три оброци во текот на денот.
– Во врска со појадокот во студентските мензи, сите студентски домови во државата се на став да се обезбедуваат по два оброци од страна на самите домови и ДСД Скопје се придржува кон тој став затоа што студентите добиваат стредства по основ на Студентски Оброк којшто оваа година треба да се користи на дневно ниво, односно им се префрлаат по 140 денари на ден и на студентите сместени во домовите, со што практично се обезбедуваат три оброци. – велат од ДСД Скопје.
Практично, студентските домови ги ставаат студентите на диета, можеби посоодветен термин е режим на исхрана, бидејќи нема да можат да јадат повеќе од трипати на ден.
Добро е што се грижат за изгледот и здравјето на студенттие, но каде е проблемот?
Најголем дел од предавањата, на речиси сите факултети започнуваат во осум часот. Студентските мензи почнуваат со работа во периодот од седум до седум и триесет часот. Нема проблем доколку студентот има едно предавање, но многупати, особено на факултетите за природни науки предавањата траат по четири до пет часа, а има по две, некогаш и три предавања, дополнително има практични вежби, лабораториски вежби. Тоа би значело дека студентот со две предавања плус вежби ќе се врати во студентскиот дом околу седум или осум часот попладне, кога мензите веќе не работат.
Што е тука проблемот? Тоа што во ваква ситуација, без појадок во мензите, студентот ќе седи гладен буквално цел ден додека да заврши со предавања…
Да не зборуваме дека количината на храна не е доволна за секој студент.
Да објасниме и каков оброк е укинат. За појадок, мензите најчесто подготвуваа варено јајце со зденка, “на празник” пржено јајце или кришки со јајца, некоја кифла со јогурт или остаток од вечера од претходниот ден за да не се фрли. Тоа може да го потврди секој студент. Се на се, ни 50 денари трошок за студентот, кој сега ќе остане и без овој помалку од скромен оброк…
Пред кампања авангарда, по кампања најголемиот трошок на државата…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…