Најголем број разводи се случуваат во месец јануари

t

Можеби ова ви звучи чудно, но разводите може да се поврзат за месеците од годината. Згора на тоа, статистиката покажува дека постои поврзаност меѓу нив и тоа како.

На пример, најголем број разводи се случуваат во јануари, а еве зошто.

Ги оставате одлуките за подоцна

Можеби не сте размислувале за тоа, но празничната сезона може да влијае на вашето размислување, што ќе ве поттикне да го преиспитате односот со вашиот сопружник, но и да ги одложите тие одлуки за подоцна.

Врз основа на анализите, експертите откриле дека најголем број разводи се случуваат во текот на јануари, но и зошто е тоа така.

Заклучиле дека тоа е така затоа што луѓето избегнуваат да покренуваат болни теми и да носат големи одлуки за време на празниците.

Луѓето се занесуваат од еуфоријата на празниците и потоа ги оставаат сите проблеми во бракот и семејството за подоцна, а кога ќе дојде јануари полека излегува на површина сето она што ги депримирало за време на празниците.

Критичната точка

-Празниците се период кога емоциите се издигнуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или сте лути на партнерот, овој период може да биде пресвртница.

Од друга страна, многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украси, светла, потпаѓаат под влијание на прекрасната, магична празнична музика, толку многу што веруваат дека сè може да се сврти и да оди на подобро.

За жал, штом поминат празниците, дознаваат дека биле во право пред празниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…