Објавено на:

НАЈДЕНА БОМБА во основно училиште во Смедерево – ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

t

Експлозивна направа е пронајдена во ОУ „Бранислав Нушиќ“ во Смедерево, потврдено е во ПУ Смедерево. Според првичните информации наводно била заборавена како дел од наставно средство од предметот одбрана и заштита.

Децата и вработените биле евакуирани, а стручни екипи на МУП на терен и вршат увид.

Експлозивната направа ја пронашол вработен во училиштето во кабинет кој не се користи за настава, туку се наоѓа, како што потврдиле од управата на училиштето, веднаш до училницата која секојдневно се користи.

– Се претпоставува дека е поврзано со часови од пред 20 години. Часот беше за одбрана и заштита, но има нешто друго што не знаеме што е тоа. Полицијата е тука и ќе спроведе истрага за да се утврди за што се работи. Истрагата е во тек – изјави за Телеграф директорот на основното училиште Бранишал Нушиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…