Најдена дрога кај притвореник во „Шутка“

t

При вршење на претрес на лица и простории во Казнено – поправната установа Затвор „Скопје“ полицијата пронашла наркотични средства кај притвореник од кого биле одземени и шприц, ризли и други предмети.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при вршење на претресот притвореникот Д.С.(45) фрлил марихуана и бела прашкаста материја во канта за отпадоци, кои биле пронајдени и одземени. Исто така, од него биле одземени шприц, ризли и други предмети, дополнуваат од МВР.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги подигнале дрогата и предметите за понатамошна постапка, а од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…