Најдоски неутешен: Ех мој Синиша, многу ќе ни фалиш – таква величина, таков борец!
Македонската легенда Илија Најдоски со многу емоции и солзи, неутешен ја прими веста за смртта на неговиот поранешен клупски другар од златните времиња на Црвена Звезда, Синиша Михајловиќ, кој после три години борба со леукемијата ја загуби животната битка на 54-годишна возраст.
Светот го потресе смртта на српската легенда, „божјата левица“, која остави неизбришлив траг во светскиот фудбал, југословенскиот и италијанскиот пред сѐ, а посебно силно ги погоди сите членови на генерацијата 1991 на Ц. Звезда, во која Михајловиќ имаше свое посебно место на патот кон европската и светска титула.
„Сѐ уште не можам да поверувам дека ова се случи. Синиша беше сјаен човек, немам збороби за да го опишам. Ова е страшна работа што се случи. Таква човечка величина, голем борец до крај, голем пријател и човек кој секојпат беше спремен да помогне. Имавме многу работи заедно. Никогаш не се откажуваше, секогаш одеше до крај, ама овојпат – не успеа. Многу сум погоден и потресен, немам зборови. Нека му е лесна земја, на сите многу ќе ни недостигаш – мој и наш Синиша“, рече Најдоски.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…